Интервју со амбасадорот Силвестри: Италија е поддржувач и партнер на Северна Македонија
Италија во континуитет се залага за евро-атланските аспирации на Северна Македонија. Нашата соработка не е само на политичко ниво. Oтсекогаш сме биле ваши значајни партнери во трговијата и инвестициите и така и ќе продолжиме, вели италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри во интервју за ТВМ Телевизија.
На почетокот амбасадорот се осврнува на активностите по повод одбележувањето на три децении дипломатска соработка меѓу Италија и Северна Македонија.
Многу ви благодарам за можноста да го реализираме ова интервју. На 16-ти Декември ќе ја одбележиме триесет годишнината, но веќе започнавме со реализација на долгата програма од настани за одбележивање на овој настан. И слободно можам да кажам дека нашата соработка е одлична на секое поле.
Сите овие години, оставривме одлична соработка на политичко ниво. Знаете дека Италија во континуитет се залага за Евро-атланските аспирации на Северна Македонија. Исто така и новата влада на Премиерката Џорџа Мелони, активно ја подржува ваша земја во таа насока.
Само да споменам една неодамнешна пресвртница. Тоа беше минатогодишната посета на нашиот претседател Серџио Матарела , посета која беше многу важна, не само од симболична гледна точка туку содржински за нашата долгогодишна соработка. Нашата соработка не е само на политичко ниво.
Неодамна во Бриндизи се одржа состанок на министрите за надворешни работи, каде домаќин беше италијанскиот Министер за надворешни работи, заедно со Министерот за коридорот 8 на Италија, Албанија, Северна македонија и Бугарија, со цел да и се даде политичка дименизја на оваа регионална соработка. На врвот на оваа соработка се одличните економски односи. Oтсекогаш сме биле ваши значајни партнери во трговиијата и инвестициите и така и ќе продолжиме.
Но, исто така соработуваме во сферата на културата. Посебно во сферата на музиката, кинематографијата и изучувањето на јазиците на универзитетите. Многу активно го промовираме италијанскиот јазик и среќен сум што тука во Охрид италијанскиот јазик се изучува во Гимназијата. Ќе има нови часови за изучување на италијанскиот јазик и во основните училишта. Тоа е многу убава вест. Мислам дека тоа ќе ни помогне и во сферата на туризмот.
Не смееме да го заборавиме и значењето кое Македонската дијаспора го има на едно социјално ниво во Италија. Од овој регион доаѓаат околу сто илјади луѓе. Сега во лето можете да видите како многу од нив се враќаат дома да ги посетат своите семејства, нешто што се прекрасно мостови преку кои ќе се гради нашата понатамошна соработка.
Италија е наш важен трговски партнер со вкупен билатерален трговски обем од над 730 милиони долари. Посебно треба да се препознае соработката во земјоделството, италијанскиот пазар е препознаен како еден од најважните пазари на кој се извезуваат македонските производи. Во која насока ќе продолжи оваа соработка?
Сигурен сум дека оваа соработка ќе продолжи. Ги споменавте бројките. Со задоволство можам да напоменам дека минатата година бележиме зголемување на трговската размена за 20%, во споредба со 2021 година. Одлични податоци и охрабрувачки резултати во соработката на полето на индустријата и трговијата со земјоделски производи. Имате извонредни земјоделски производи. Веќе две и пол години како вашите одлични пиперки, јаболка, и вашите одлични вина се продаваат на Италијанскиот пазар.
Она што се обидуваме да го направиме, е како италијанска амбасада е да ве поддржиме во добивање на институционална поддршка за овој вид на производство. Со вас да ги споделиме нашите искуства, како на пример во регионалниот развој и гографските ознаки во земјоделството. Италија е земја со најголем број географски ознаки во земјоделството во Европа, можеби и во светот.Ова е можеби добар начин да се осознае и додадената вредност на вашите производи. Можност да ги продавате по подобри цени. Но ова е само еден од начините на соработка. Ние потпишавме и Меморандум за соработка, а во тек е и релизација на зеднички проект токму во ова насока на соработка.
Нашата соработка е значајна и во културата, образованието и науката. На италијанската вечер на Фестивалот Охридско лето имавме можност да уживаме во музиката на Екланд Хаса-пијано и прекрасниот тенор Џани Лечесе. Во која насока ќе продолжи соработката на поле на културата?
Секако дека ќе продолжи и соработката на полето на културата. Прво би сакал да се заблагодарам, за синоќешниот настан на фествилот Охридско Лето, кој се покажа како целосен успех. Ја славевме италијанската вечер на фестивалот, истовремено кога вие го славевте Илинден. Па така можам да кажам дека станува збор за еден навистина многу важен настан. Настапот на двајцата истакнати италијански уметници, кои пееа и свиреа класични арии, од богатата лирска традиција, но и класични наполитански песни, како и многу познати фрагменти од добро познати филмски нумери, компонирани од големите Енио Мориконе и нино Рота, наиде на многу добар прием кај публиката. 220 луѓе синоќа уживаа во изведбите. Ќе продолжиме и понатака да бидеме партнери на Фестивалот Охридско Лето и во иднина. не само преку музиката, операта туку во месеците кои ни претстојат, ќе организираме голем број на изложби. Ќе се официјализираат соработките со Универзитетите, на научно поле, како и на полето на размена на студенти и доделување на стипендии.
Исто така во соработка со Македонски Пошти ќе ја промовираме поштенската марка токму споветена на три децениската дипломатска соработка меѓу двете земји. Ова го релизиравме преку еден своевиден натпревар меѓу македонските дизајнери кои ги презентираа своите идеи. Заедно со Македонски пошти го направивме изборот на марката.
Исто така изготвивме и книга по повод триесет годишнината, како еден потсетник на сите заеднички значајни моменти во овој изминат период. Ќе има и изложба и промоција, се на се, околу 20 настани во организација на амбасадата, заедно со локалните пратнери и многу сме среќни за тоа.
Северна Македонија ги отвори пристапните преговори со ЕУ. Преговорите нема да почнат се додека не се спроведат уставните измени од македонска страна, за што е потребно да гласаат две третини од пратениците во Собранието, што мнозинството го нема. Силната и конзистентна поддршка на Италија за процесот на интеграција на нашата земја во Европската унија е од особено значење за нас. Каков би бил внимателниот начин на дејствување во овој амбиент?
Од јули минтата година вие имате едно ново лице. Не сте повеќе земја кандидат за членство, туку земја преговарач за членство. Од тогаш трае скрининг процесот на усогласување на домашната легислатива, кој треба да даде појасна слика за тоа што треба да се направи. Каква адаптација треба да се направи на секое од полињата на живеење. Исто така тука е презетацијата на уставните амандмани, кои ќе го прошират бројот на заедници во Уставот. Вие веќе имате седум заедници во Уставот, со измените ќе имате 13, како и во некои други земји.
Презетацијата на уставните амандмани ќе воведат еден елемент на компромис. Она што сакам да кажам е дека вие сте сега на еден пат. пат кон пристап. патот е долг, нема пократок начин. Потребно е да се поминат неколку чекори, неколку нивоа. Исто како Џиро Ди Италија. Некои ќе бидат потешки, некои, полесни. Но патот е тука. Тоа не може да се промени. Ни на подобро, ни на полошо. Се согласиле 27 земји членки, една земја, не може да бара да се додадат други услови.
Знаеме дека во тек е дебата за уставните измени, што е суверено право на избор, се надеваме и сега и во иднина на консензус од сите политички партии на овој пат кон пристапните преговори, што е во целост еден слободен процес. Колку побрзо, толку подобро. Се надеваме дека процесот оди по вистинскиот правец.