Црвен крст Охрид
Во вторник и среда крводарителски акции за празникот Св. Климент
Традиционалната крводарителска акција ќе се реализира во ООУ „Св.Климент Охридски“ (спортска сала).
Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св.Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид утре, 8 август (вторник) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (среда) во периодот од 9-13 ч.
„Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција.„ – порачуваат од Црвен крст Охрид.


