Недела на млади
Младински центар Охрид со низа активности ќе го одбележи Светскиот ден на младите
На 11 август ќе се одржи главниот настан во Касарна Охрид (Младински центар Охрид).
Со работилница за младинско учество и Летна школа за гитара Младински центар Охрид од денеска започнува со одбележување на Светскиот ден на младите 12 август.
Во рамки на неделата на младите од 07-11 август предвидени се низа активности како креативни работилници, дискусии, проекции на краткометражни филмови, изложба, спортски и забавни игри и музика.

На 11 август ќе се одржи главниот настан во Касарна Охрид (Двор МЦО) на кој присутни ќе бидат претставници на граѓански организации, млади лица, претставници од основни и средни училишта како и од локални институции, поддржувачи на Младински центар Охрид.


