Skip to main content

СВР Охрид

Охриѓанец пукал на свадба, двајца од гостите се здобиле со повреди

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 06.08.2023 околу 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино” охриѓанец, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава” калибар 7,62 милиометри. Притоа, 39 годишен гостин и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што биле одземени пиштол „Застава м57″ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер”, ловечка пушка „Бајкал” и  дозвола за оружјето, информираат од СВР Охрид. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.