Skip to main content

Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)

Потрошувачката кошничка во јули 48.620 денари, зголемена за 441 денар

Иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,4 отсто, сепак износот на минималната кошница се зголемува.
 |  инфодеск  | 
цени

Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, што е зголемување за 441 денар во однос на минатиот месец, според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според ССМ, 20.004 денари или 44,6 отсто од потрошувачката кошничака се за исхрана и пијалаци, а потоа 13.664 денари, за домување, односно 30,46 отсто од потрошувачката кошничка, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје, наведува ССМ.

„Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на животот 3.768 денари или поточно инфлацијата од 8,4 отсто се доаѓа до сумата од 48.620 денари“, наведуваат од ССМ.

Оттаму додаваат дека иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,4 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јуни за 441,00 денар.