Skip to main content

СВР Охрид

СВР Охрид билтен: тепачка, пронајдени и одземени марихуана и нож

По  документирање на случаите, против лиицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 07.08.2023 во 21.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на улица „Дејан Војвода” во Охрид, нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 54 годишен и 47 годишен жител на Охрид. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 07.08.2023 околу 22.00 часот на улица „Даме Груев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20 годишен жител од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.08.2023 во 17.25 часот во населба Лагадин во Охрид, при преглед врз 18 годишно момче од Куманово, полициски службеници од СВР Охрид пронајдоа и одзедоа нож. По  документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.