Стендап на англиски јазик, Гркот Џиниус утревечер во Jazz Inn
Во сабота во Jazz Inn со почеток во 20 часот, стендап на Џимис Цапас на програмата на Summer Comedy Marathon 2023.
Ова е шоу што мора да се види, велат организаторите на летниот маратон на комедијата.
„Со задоволство ви го најавуваме Гркот Џиниус, единствениот Џимис Цапас. Неверојатна ноќ на спонтана духовитост и многу импровизиран интензивен стенд ап. Комичарот, импровизатор и уметник Џимис Цапас „Гркот Џиниус“ по вторпат се враќа во Македонија со неговото дрско, запаливо, провокативно и уникатно сатирично шоу „Само една ноќ во Oхрид“. По големите турнеи во Букурешт, Скопје, Мадрид, Атина и неколкуте специјални настапи на медиумите ТВ, радио итн., Џимис во Охрид ја носи грчката перспектива за актуелната политичка, социјална и религиозна состојба. Ова не е претстава за оние со „слабо срце“ !“- се вели во најавата на настанот.
Билети +389 75 283 066 или онлајн на www.hahaha.mk
Влезница: 300 ден.