Над 30 жртви во две сообраќајни несреќи во Перу
Најмалку 30 лица загинаа, а 38 се повредени во две сообраќајни несреќи на југот на Перу, соопштено е во вторник во Лима.
| Голабовски Крсте | Свет
пневматик
Најмалку 30 лица загинаа, а 38 се повредени во две сообраќајни несреќи на југот на Перу, соопштено е во вторник во Лима.
Во првата несреќа 18 лица загинале, а 20 се повредени кога автобус излетал од патот и паднал во река во провинцијата Сандија.
Втората несреќа се случила во подрачјето Писко, каде што автобус удрил во камион. Во сударот осум лица загинале, а 18 се повредени.
Автобуските несреќи во Перу се честа појава поради тесните патишта, особено во планинските предели.
{loadposition content9}