Еднодневните екскурзии во Охрид најпродавани во соседна Албанија
Трета година по ред Охрид е најпродавана еднодневна екскурзија во соседна Албанија. Се смета за најатрактивна дестинација за бројните странски гости кои летуваат на Јадранското и Јонското море. Туристите од Литванија, Полска, Чешка и Латвија со некоку автобуси дневно го посетуваат градот под заштита на Унеско.
Најмногу се воодушевени од природата, прошетките по Охридското езеро и бројните културно историски споменици.
„Секоја недела доаѓаме со полни автобуси туристи од Литванија 0105„Им се допаѓа историјата, се запознаваат со културата. Забележуваат разлика помеѓу Албанија и Македонија. За нив е голема шанса да го посетат две земји”, вели Мартина Овсианикова туристички водич од Литванија.
Традиционалната македонска храна и вино, но и прошетките во Националниот парк Галичица се причина плус за големата заинтересираност на странските гости за земјава.
„Најмногу им се допаѓа Охридското Езеро кое е навистина многу чисто. Понатаму Заливот на коските и историјата како што е Свети Наум, но и самиот град со многубројните цркви особено Свети Јован Канео најсликаната црква”, вели Грегор Сојка туристички водич од Полска.
Двата туристички центри на брегот на Охридското Езеро, и Охрид и Струга оваа сезона бележат голема исполнетост. Туристичките работници очекуваат да се надминат рекордните бројки на ноќевања од 2019 година.
Новинар Соња Рилковска