Skip to main content

„Наша гордост, наша одговорност“

Поставeни пловни препреки на Сатеска и Даљан за отпадот да не завршува во езерото

Оваа активност е во рамки на платформата „Наша гордост, наша одговорност“ на Пивара Скопје за заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и намалувње на загадувањето.
 |  инфодеск  | 
prepreki reki

Поставени пловни препреки на реките Сатеска и Даљан. Двете реки се идентификувани како едни од поголемите загадувачи на Охридското Езеро со пловен и пакувачки отпад и со овие физички бариери се сопира отпадот за да не заврши во езерото. Оваа активност е во рамки на платформата „Наша гордост, наша одговорност“ на Пивара Скопје за заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и намалувње на загадувањето.

„Благодарение на потрошувачите кои се вклучија во иницијативата за издвојување 1 денар од секое продадено стаклено шише со посебна етикета Скопско и Скопско Smooth, беа обезбедени средства за поставување на пловни препреки, акции за чистење на крајбрежјето и дното на Охридското Езеро и активности за подигнување на свесноста“ – изјави Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје.

Пловните препреки на Сатеска и Даљан ги поставија стручните тимови на Пакомак.

Отпадот ќе се собира, селектира и рециклира што е еден од најлесно применливите модели од циркуларната економија кон која стремиме. Горди сме што сме дел од овој проект и што заедно со Пивара Скопје во континуитет работиме на ефикасни решенија за одржливост и зелена иднина.“, изјави Ико Брдароски, Менаџер за развој на бизнис и комуникации во Пакомак. 

препреки-реки

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска се осврна на партнерскиот однос на Министерството со севкупната бизнис заедница заради спроведување на зелената агенда и реализирање на заедничкииницијативи за заштита на животната средина.

„Од огромна важност е соработката на институциите и компаниите во напорите за развивање на одржливо управување со отпад преку селекција, собирање и рециклирање на отпадот. Со воспоставување на солиден дијалог локалната власт, централната власт, бизнис заедницата, новинарите па и сите останати граѓани можеме да придонесеме за заштита на Охридското Езеро но и солидно управување со отпадот. Обединети, преку силни партнерства, можеме да обезбедиме одржлива иднина. Пивара Скопје е пример за општествено одговорна компанија со реални проекти кои прават видливи промени.“ – рече заменик министерката Оџаклиеска.

„Благодарен сум на Скопско за оваа иницијатива со која ќе се спречи огромни количини отпад од Сатеска и Даљан да завршат во Езерото. Општина Охрид активно работи на низа проекти и активности за заштита на Охридското Езеро и подготвени сме да поддржиме вакви и слични иницијативи и да соработуваме со сите затоа што заедничка одговорност е да го исчистиме, чуваме и заштитиме нашиот бисер.“ – изјави градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

„Воодушевен сум што Скопско ја препозна потребатаза поставувањето на пловната препрека токму насливот на Сатеска. Општина Дебрца останува посветена на заштита на Охридското Езеро и отворена за соработка на сите платформи со заедничка цел зачувување на природното богатство на нашиот крај.“ – рече на прес конференцијата Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца.

Во досега реализираните активности се вклучија нуркачките клубови, волонтери, активисти од трите општини и многу заинтересирани граѓаникои заедно чистеа на повеќе локации во и околу езерото. Во изминатите неколку недели се организираа акции за чистење во Охрид, Струга и Дебрца и на трите локации беа собрани 200 кеси со отпад.

Скопсково рамкина платформата „Наша гордост, наша одговорност.“продолжува со кампања за подигнување на свесноста и упатува апел до сите да се вклучат во акциите што ќе следат и заедно да направиме позитивна промена. Повеќе информации и можност за пријавувањеза акциите за чистење може да се најдат на веб страната skopsko.mk.