УХМР
Сончево со умерена облачност и температура до 28 степени
Продолжува периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер.
Времето денеска во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8. Максималната дневна температура ќе се искачи до 28 степени.
Времето во следните денови: Продолжува периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник во попладневните часови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен благ пораст.
фото: Ѓоко Симјаноски


