Живко Чинго е истакнат македонски раскажувач, романсиер и драмски писател.
Чинго е роден во селото Велгошти, Охридско, 1935 година, каде го започнува своето школување, а го продолжува во Охрид и во Скопје. По завршувањето на Филозофскиот факултет работи како професор во гимназијата во Охрид. Потоа доаѓа во Скопје и работи во весниците: „Студентски збор“, „Млад борец“, потоа во РТС, во Центарот за политички студии, во Републичкиот комитет за култура. Исто така, бил советник во Министерството за култура и директор на МНТ.
Во 1963 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а бил и член на МАНУ.
Добитник е на највисоките македонски и југословенски награди. Пишувал раскази, романи и драми. Збирките раскази: „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, „Семејството Огулиновци“; романите: „Сребрените снегови“, „Големата вода“, „Ал“ и „Бабаџан“ и драмите: „Четирите прекрасни годишни времиња“, „Образов“, „Сурати“, „Работници“, „Под отворено небо“, „Кенгуров скок“. Починал во Скопје, 11 август 1987 година на 51 годишна возраст.
Во чест на Чинго од 1988 година во неговото родно место се одржуваа манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“. Во текот на манифестацијата се доделува Наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ.