Skip to main content

УХМР

Сончево со умерена облачност и температура до 29 степени

Ќе дува со слаб до умерен ветер од северен правец.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV индексот со вредност 8.

Максималната дневна температура до 29 степени.

Времето во следните денови во Македонија: Во вторник во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

фото: Ѓоко Симјаноски