Skip to main content

Општина Охрид

Во Велгошти се одржа традиционалната “Вечер на Живко Чинго”

Пред присутните свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиноски и добитникот на наградата “Живко Чинго” за најдобар расказ, Иван Антоноски.
 |  инфодеск  | 

Синоќа во атарот на црквата „Св. Петка“ во село Велгошти, се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на еден од нашите најпознати литературни великани. Пред присутните свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.

Се чувствувам гордо и возбудено, што како Македонист, како Охриѓанец и пред се како Македонец ја имам оваа привилегија да зборувам за ваков маркантен лик како Живко Чинго кој по својата оргиналност е икона на македонската култура и книжевност, кажа Божиноски.

Неговите дела носат незаборавна емоционална интензивност стимулирајќи не на размислање за луѓето, идентитетот и општествените вредности. Тој не учи како да гледаме на светот околу нас од различни аспекти и да го цениме нашета богато наследство. Творештвото на Чинго е феноменално свидетелство на човековата креативност и има големо влијаниe на нашите вистини и верувања.Ние, како генерација треба да продолжиме да се восхитуваме на неговата книжевна моќ, да го чуваме неговиот спомен и соодветно да го вреднуваме. Токму во таа насока е и организацијата на оваа традиционална манифестација, со која му оддаваме достојна почит на неговото име, кое остава неизбришлива трага на нашето национално битие.”- истакна Божиноски.

Божиноски во лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков, упати честитки до Иван Антоновски кој е овогодинешен добитник на наградата „Живко Чинго“ и до сите автори кои зедоа учество на литературниот конкурс на Општина Охрид.

Говор пред присутните имаше годинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“ за најдобар расказ Иван Антоноски, а своја осврт за „Чинго во песните“ имаше Валентина Божиновска.

Во рамки на културно- уметничката програма, настапија Петар Паскали, Петар Кочовски, Филип Темелкоски, Христијан Чавкоски, Ангел Трајковски, Вања Танковски,Билјана Буџакоска и Танцов клуб „Соната“.