Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги

Од полноќ поскапуваат горивата

Од полноќ поскапуваат бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5денари одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Според оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 86,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 88,50 ден/лит. Се зголемува и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ исто за 1,5 денари и ќе изнесува 81 денар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 80,50 ден/лит.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 ден/кг и од полноќ тој ќе чини 46,592 ден/кг.