ЈП Водовод Охрид
Утре неколку часа без вода ќе бидат жителите на “7ми Ноември” и “Егејска”
Планирани се две големи интервенции на водоводната мрежа.
Од ЈП Водовод Охрид информираат дека утре ќе бидат изведени планирани интервенции на водоводната мрежа.
„Поради две одделни поголеми интервенции на водоводната мрежа , на ден 16.08.2023 (Среда) од 08:00 часот , неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: “7ми Ноември” и “Егејска“.„ – известија од јавното претпријатие.


