Skip to main content

Општина Охрид

Јавна анкета и презентација за предлог ДУП за УЗ11, УБ11.5, Општина Охрид период 2020-25

Јавната анкета ќе трае од 21.08.2023 до 04.09.2023год. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 25.08.2023год.со почеток во 12.00часот
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид информира за организирање јавна анкета и јавна презентација за Предлог ДУП за УЗ 11,УБ11.5, општина Охрид, плански период 2020-2025, со тех. бр. 10/19 од ноември 2022 год., ДПГ „Снегар Компани“ дооел Охрид.

Планскиот опфат на Предлог ДУП за УЗ 11, УБ 11.5, општина Охрид, е со површина од 9.55 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:

  • на север опфатот започнува со пресекот помеѓу улиците Се 15.1
    ул. Мирка Гинова и Магистралната улица М3′ крак Бејбунар
    (источна транзитна)
  • кон југо – исток по границата на водниот тек на р. Сушица
  • на исток и југ по границата на ГУП на Охрид формирана по
    границата на катастарските парцели во КО Охрид 4
  • запад –по осовината на Магистралната улица М3 – Бејбунар и
    по осовината на М3′ крак Бејбунар (источна транзитна)

Јавната анкета ќе трае од 21.08.2023 до 04.09.2023год. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 25.08.2023год.со почеток во 12.00часот

Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе биде објавен на web страната на општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.

Стручната служба ќе дава објаснување се кој работен ден од 12 до 14 часот во просториите на општина Охрид.

Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма и на електронскиот систем е-урбанизам.