Skip to main content

Ден на АРМ -18ти Август

Трибина по повод Денот на АРМ ќе се одржи на 17-ти август во Младински Центар Охрид

Настанот ќе се одржи во Младински Центар Охрид (Conference room) со почеток во 18:00 часот. Присутни ќе бидат дел од ветераните на АРМ, млади лица и претставници од институциите. 
 |  инфодеск  | 
Трибина Ден на АРМ

  

Младински Центар Охрид во соработка со Здружението на ветерани од одбраната и безбедност Охрид, организира трибина повод денот на АРМ -18ти Август.  

Трибината ќе се одржи на 17 август 2023 година, од 18:00 часот во Младински Центар Охрид (Conference room).  

Присутни ќе бидат дел од ветераните на АРМ, млади лица и претставници од институциите.  

На трибината ќе говорат Генерал Филип Котели ( Формирање на АРМ), Пол. Павле Момировски- Формирање на шестата пешадиска бригада Охрид, Пор. Наумче Милошески – Обезбедување на државната граница ( преземање на караулата и формирање гранични единици), Пол. Кемо Ѓозо – Интегрирање на припадниците на ЈНА во АРМ, Пол. Добре Вељаноски – Формирање на првата единица во Касарна Охрид.

Во програмата за настанот предвидена е посета на Спомен собата на Шестата Македонска Народноослободителна бригада.

Предвидена е проекција на видео запис од Формирањето на АРМ – Првата заклетва на војниици во Касарната Михајло Апостолски во Охрид, по што ќе следува дискусија и коктел.