Skip to main content

Академскиот сликар Славко Упевче го чува Охрид од заборав

Со делата создадени од крајот на шеесетите години од минатиот век до денес, Славко Упевче е верен чувар на минатото. Неговите изложби се посветени на исчезнатиот Охрид, муренките во изумирање, убавините на охридскиот крај од минатиот век до денес. Целта на Упевче е да го сочува Охрид за идните генерации да може да го доживеат, барем преку неговите дела.
 |  инфодеск  | 
Славко Упевче

Славко Упевче верен чувар на минатото на Охрид. Со делата создадени од крајот на шеесетите години  од минатиот век до денес, Упевче го чува градот од заборав. На неговите слики е претставена божествената убавина на Охридскиот регион, природата, културно историските споменици, пејсажите  и визурите,  кои како одминува времето се повеќе  исчезнуваат.

Старите автентични куќи, живописни улички,  кои за жал остануваат само на платно.  Целта на Упевче е да го сочува Охрид за  идните генерации да може да го доживеат, барем  преку неговите дела.

„Без разлика на годините делата се евиднетираат и оставаат еден убав впечаток кој се надевам ке трае години години после нас. Она што било опкружување во младоста а веќе исчезнало , тие многу убави градби кои имаа своја душа, простор во самиот амбиент во градот полека полека исчезнуваат ги снемува. За замена никнуваат бели безлични зданија, јас се уште работам мотиви од моите записи и цртежи од тоа време”, вели Славко Упевче -академски сликар.

Лани Упевче ја претстави изложбата Муренките во изумирање во Радожда. Преку триесеттина дела го долови минатото со  раскошните муренки распослани во струшкото село кои го возвишуваа крајезерскиот пејзаж. Денес има само остатоци од тие моќни стебла.

„Минатата година имав Изгубените муренки во Радожда. Од разговорот  со жителите на Радожда добив впечаток дека од 60 тина стари муренки кои постоеле во Радожда останале уште десеттина, а веројатно и нив ќе ги снема. Заради тоа ја насловив изложбата муренките црници во изумирање во Радожда , за жал”, додава Упевче.

Повеќе од половина век, Упевче  твори во Охрид. Неговата  последна изложба која е отворена до крајот на август, е посветена   на  убавините на манастирскиот комплекс Св Наум.

Upevce

Новинар Соња Рилковска