На 14.08.2023 во 17.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека во двор од куќа во струшкото село Вишни била пронајдена граната.
„Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за артилериска граната од Првата или Втората светска војна, калибар 75 милиметри. По преземени мерки, гранатата била безбедно подигната од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.“ – информираат од СВР охрид.