Skip to main content

УХМР

Сончево и топло со температура до 32 степени

Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и многу топло.
 |  инфодеск  | 
студенчишта фото Ѓоко Симјаноски

Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8.

Максималната дневна температура во пораст и ќе се искачи до 32 степени.

Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и многу топло. Дневната температура во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени.