СВР Охрид
Кривична пријава за вработен во НП Галичица за уништување записници за сеча на дрва
Лицето е осомничено за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги” и „несовесно работење во службата”.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишен жител од Охрид поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги” и „несовесно работење во службата”.
„Тој, од 2020 година во својство на службено лице- вработен во Националниот парк „Галичица”, не изготвувал или уништувал записници за сеча на дрвна маса во месноста „Јадера”, атар на селото Трпејца, вршел наплата на дрвна маса во готово и на граѓани им изготвувал фалсификувана документација.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


