Skip to main content

СВР Охрид

Приведен вевчанец кој со воздушна пушка пукал во кучиња домашни миленици

СВР Охрид дсоопшти дека пушката била одземена, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
воздушна пушка

На 16.08.2023 во 20.30 часот во Вевчани, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта лишија од слобода 67 годишен жител на Вевчани.

„Тој се сомничи дека околу 18 часот со воздушна пушка пукал кон кучиња домашни миленици, сопственост на жител на Вевчани, кои на улица биле во придружба на сопственикот. Пушката е одземена, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.„ – информираат од СВР Охрид.