Skip to main content

Меморијален ракометен турнир „Крсте Андоновски Усташ“

Во среда започнува ракометниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“

Од понеделник, 21 август на билетарницата при СРЦ „Билјанини извори“ ќе можат да се набават блок карти за целиот турнир за 500 денари.
 |  инфодеск  | 
Турнир

На 23- ти август започнува второто издание на меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во организација на ракометниот клуб Охрид, а под покровителство на Општина Охрид.

Во салата Билјанини извори до 26 август ќе играат домаќинот ГРК Охрид, шампионот Еурофарм Пелистер, Голден Арт и Бутел Скопје, а од странство доаѓаат Бешикташ, Олимпијакос, Металопластика, Татран Прешов.

Ќе се игра по четири натпревари на ден и тоа претпладене во 11:00 и 13:15 часот, додека вечерните термини се 18:00 и 20:15 часот.

Влезницата за еден натпревар ќе чини 100 денари. Од понеделник, 21 август на билетарницата при СРЦ „Билјанини извори“ ќе можат да се набават блок карти за целиот турнир за 500 денари.