Светнаа улиците во Струга
Се насмевнаа улиците во Струга. Исплатени трите заостанати плати во ЈП Комунално Струга. За прв пат годинава вработените имаат сини картони за лекување. Првиот човек на Комунално Петко Кутаноски ветува позитива за 2010 год.
Грдата слика на расфрлано ѓубриште што пред два дена ја наруши комоцијата на стружани надмината. Ова се случи само за еден ден неизвршен третман на струшките улици рече директорот на „Комунално“ Петко Кутаноски. Тој признава дека настанал мал куршлус, околу исплатата на платите, заради проблемот со УЈП и блокираната сметка.
Кутаноски рече, дека нема да дозволат вработените повторно да штрајкуваат, бидејќи тешко успеале заедно со градоначалникот Рамиз Мерко да го подигнат нивото на претпријатието.
Кутаноски сигурен во себе вети дека 2010 година ќе биде година на успех и дека претпријатието за прв по неколку години криза тќе излезе со позитивни резултати.
{loadposition content9}