ХОТАМ: Наместо во згради потребни се инвестиции во хотели
Наместо станбени објекти со викенд станови и апартмани на брегот на Охридското Езеро потребно е да се инвестира во хотелски капацитети, предлага Хотелската асоцијација. Според слободните проценки во Охрид и Струга има околу 40 000 викенд станови, кои поголемиот дел од годината зјаат празни. Во лето преполни со туристи се издаваат и реиздаваат, создаваат сива економија во туризмот.
Според Хотам наспроти урбанистички, потребна е стратегија за туристички развој.
„Немаме чист и јасен зкаон, нема туристичка полиција, многу работи не недостигаат во туризмот. Луѓето секогаш и секаде имаат право да купат станови но како може да го издаваат тој стан секоја држава има посебни закони. Кај нас ги нема или не се почитуваат”, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Големиот број викенд станови во Охрид и Струга креираат масовен туризам во екот на туристичката сезона, но и голем број инфраструктурни проблеми.
„Во тие месец дена доаѓаат да живеат во тие станови кои се направија. Назад нема од тоа стартегијата се прваи долгорочно и треба да се види што понатаму. Мораме да направиме еден стратешки план кој би бил долгорочен, следните пет години, го правиме за оваа дестинација да биде самоодржлива”, вели Блажески.
Голем број од сопствениците ги издаваат викенд становите и апартманите без да се регистрирани за таа дејност, гостите остануваат неевидентирани и не плаќаат туристичка такса.
Новинар Соња Рилковска