Skip to main content

На Славеј планина одбележни 80 години од формирањето на Баталјонот „Мирче Ацев“

Делегации на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи од Охрид и Дебрца, Општина Дебрца и АРМ се поклонаа и положија свежо цвеќе пред Споменикот, на местото каде е формиран Баталјонот.
 |  инфодеск  | 

Денес, на Славеј Планина, во Дебрца се одбележаа 80 години од формирањето на првата организирана воена формација, Баталјонот „Мирче Ацев“, ( 18 Август 1943 година ), ден кој се слави како празник на Армијата на Република Македонија.

баталјон мирче ацев дебрца

Во таа чест, делегации на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи од Охрид и Дебрца, Општина Дебрца и АРМ се поклонаа и положија свежо цвеќе пред Споменикот, на местото каде е формиран Баталјонот.

За значењето на историскиот настан зборуваше Претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески.

Од лично име и од името на граѓаните на општина Дебрца на сите припадници на Армијата им го честита 18-ти Август – Денот на македонската Армија, градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески.

„Денешниот ден е и ден во кој не смееме да ги заборавиме сите оние кои загинаа и кои ги положија животите за својата татковина, Македонија. Вечно нека се памети нивниот пример за тоа како се сака и како се брани сопствената земја.“ – истакна Ногачески.