Skip to main content

Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

Македонскиот јазик не е ничиј дијалект, тој е засебен јазик кој сме должни да го чуваме

Македонскиот збор одекнува на сите континенти – отворена 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. Ние сме должни да го чуваме нашиот јазик затоа што тој е нашиот идентитет и  аманет од нашите предци и културни дејци, велат македонистите.
 |  инфодеск  | 
Македонисти

Македонскиот јазик  не е ничиј дијалект, тој е засебен идентичен јазик и не може да биде прашање, порачаа експертите на семинарот по македонски јазик, што се одржува во Охрид. Ние сме должни да го чуваме нашиот јазик затоа што тој е нашиот идентитет и  аманет од нашите предци и културни дејци, велат македонистите.

Неспорен факт е дека има негирања и напади, но клучно е дека и странските македонисти и слависти ја потврдуваат вистината. Токму затоа денес македонскиот збор се слуша на сите континетни, вели научната фела.

„Има толку многу докази дека не е дијалект на нечиј јазик, ова е еден од начините во таа долгогодишна борба. Навистина сите овие настани се на страната на македонскиот јазик”, вели професор д-р  Никола Јанкуловски ректор на УКИМ

Не треба да не загрижуваат надворешните  негирања, треба да се спротиставиме со факти, имаме велелепна литература, но потребно е повеќе да вложуваме во нашиот јазик, велат експертите.

„Ние да вложуваме во нашето изучување, односно во нашето зборување, говорење , точно течно прецизно.Само на тој начин се развива македонскиот јазик оди во повисоко ниво. Ние треба да бидеме чувари на јазикот”, изјави Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Професорот Макеј Кавка од Универзитетот во Краков, кој го превел Ацо Шопов, вели македонскиот јазик е засебен јазик а тоа е потврдено со безброј научни дела и докази, и никој не може и не смее да го негира.

„Јазикот не може да се штити со политика, јазикот се штити со истражување, да се докаже вредноста на јазикот со дела. 0604 Нема смисла да се негира јазикот како може да се негира јазикот кој постои”, вели Макеј Кавка професор по лингвистика на универзитетот во Краков од Полска.

Во изминативе 56 години над 4000 студенти, професори, лингвисти  од сите континетни го изучувале македонскиот јазик на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик при УКИМ.

Новинар Соња Рилковска