Прва генерација регрути на АРМ во охридската касарна во далечната 1992
Mладински Центар Охрид во соработка со Здружението на ветерани од одбраната и безбедност Охрид, организирашe трибина повод денот на АРМ -18ти Август.
На трибината говореа Генерал Филип Котели, за формирањето на АРМ, Пол. Павле Момировски- за, Формирање на шестата пешадиска бригада Охрид, Пор. Наумче Милошески – Обезбедување на државната граница преземање на караулата и формирање гранични единици, Пол. Кемо Ѓозо – Интегрирање на припадниците на ЈНА во АРМ, Пол. Добре Вељаноски – Формирање на првата единица во Касарна Охрид. Присутните ја посетија и Спомен собата на Шестата Македонска Народноослободителна бригада, а се одржа и проекција на видео запис од Формирањето на АРМ – Првата заклетва на војниици во Касарната „Михајло Апостолски“ во Охрид.
Станува збор за навистина редок видео запис за тоа како изгледаше охридската касарна каде во 1992, свечена заклетва-обврска дадоа војниците-регрути од првата генерација на АРМ како и првиот регрут- припадник на Армијата на Република Македонија, Панче Јамандиев од тогашен Титов Велес. Тој бил првиот војник на новата македонска армија кој воениот рок го започнал во охридскиот гарнизон, а бил дочекан од првиот командантот на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба.
Тогаш, покрај министерот за одбрана на РМ, Трајан Гоцевски, на заклетвата присуствуваа и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Митре Арсовски, командантот на корпусот, полковник Панде Петровски, пратеници во македонскиот парламент од Охрид и Струга, претставници на Сојузот на борците од НОБ, претставници од полицијата и другите државни органи, бројни граѓани и роднини на војниците. Пред свечената заклетва, рапорт на министерот Гоцевски, му предал командирот на касарската стража на охридскиот гарнизон ,капетан Зоран Костовски.
Видео записот е направен од снимателот и видео хроничар, Симон Карамешиноски.