Во Охрид денеска сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со слаб дожд. Максималната дневна температура до 31 степен.
Времето во следните денови во Македонија: Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер, а наместа ќе има услови за слаб дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.