Skip to main content

МВР

(видео) Спасени пет лица од едрилица без контрола на езеро поради невремето

Лицата биле безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди, информираа од МВР.
 |  инфодеск  | 
едрилица невреме

Вчера, сопственик на пловен објект-едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, во водите на Охридското Езеро изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист, по што околу 19 часот пријавил во СВР Охрид. Постапувајќи по пријавата полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” веднаш излегле на терен.

„Околу 19.25 часот полициските службеници ја пронајдоа едрилицата на околу 7000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија. Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди. “- информираа од МВР.