Skip to main content

УХМР

Сончево и топло со температура до 32 степени

Во текот на следната работна седмица времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.
 |  инфодеск  | 
Ezero panoramska

Времето денеска во Охрид сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. UV индекс со вредност 7. Максималната дневна температура до 32 степени.

Во текот на следната работна седмица времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени и во делови од земјава ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

фото: Ѓоко Симјаноски