Уште една мапирана дива депонија е исчистена, овој пат во с.Љубаништа, информираат од ЈП Охридски Комуналец. “Во село Љубаништа расчистена дива депонија, каде несовесни граѓани расфрлале непотребна покуќнина, зелен отпад и градежен шут.” – велат од јавното претпријатие.
Екипите на Комуналец од локацијата подигнале 12м3 отпад.
Од ЈП Охридски Комуналец апелираат до граѓаните да не фрлаат кабаст и зелен отпад во и покрај контејнерите и ги потсетуваат дека на располагање им стојат дежурните телефони 📞075 495 428 и 📞075 397 944 за подигнување на таков отпад.