Skip to main content

Ohrid water festival

Денеска официјално отворање и почеток на забавните содржини на Ohrid water festival 

Официјалното отворање на фестивалот е во 20:00 часот пред хотелот „Палас“. На програмата денеска е и најзабавниот настан на базенот при СРЦ Билјанини извори, Водените лудории 2023 .
 |  инфодеск  | 
Охрид Фестивал на водени спортови 2023

Вечерва започнуваат забавните содржини на Ohrid water festival. Иако викендов се одржаа првите спортски настани во рамки на фестивалот, пливачки митинг, веслачка, кајак и кану регата на мирни води и триатлон, вечерва е официјалното отворање на манифестацијата со концерт на Ѓоко Танески  со почеток во 20:00 часот пред хотелот „Палас“.

На програмата денеска е најзабавниот настан на базенот при СРЦ Билјанини извори ова лето. Во 16часот почнуваат Водените лудории 2023 на кои учество ќе земат екипи од најреномираните компании во градот. Интересен настан со многу музика и забава во организација на Сојуз за училишни спортови Охрид.

Предходно, во утринските часови се одржа јога на вода во организација на OhridSUP и започна регатата на едрилици во организација на Match Race Sailing Club.