Skip to main content

Државен завод за статистика

Просечната нето-плата во јуни 36.527 денари

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Градежништво (19,6 проценти), Информации и комуникации (17,9 проценти) и Образование (17,5 проценти).
 |  инфодеск  | 
Денари минималец

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни годинава изнесува 36.527 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 14,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Градежништво (19,6 проценти), Информации и комуникации (17,9 проценти) и Образование (17,5 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Рударство и вадење на камен и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.