Активности во рамки на кампањата „Стоп за корупција“ започнаа да се спроведуваат на граничните премини Блато, Ќафасан и на царинските испостави Струга и Охрид.
“Стоп за корупцијата за повеќе пари за автопати, за болници и училишта. Стоп за корупцијата за фер конкуренција и подобрување на условите за бизнис.” – стои во објавата од Царинската управа.
Тоа е мотото на кампањата што ја почна Царинската управа за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата со цел граѓаните или вработените кои ќе бидат сведоци на корупција или сомнителна активност, тоа да го пријават.
Во рамки на кампањата на граничните премини се делат брошури преку кои се информира за начините за пријавување корупција, како и за штетните последици што ги предизвикува истата.
Од Царинската управа апелираат до граѓаните “Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава! Пријави на 197. “