Skip to main content

Струјата поскапува за околу 10 %

Струјата во Македонија од 1. јануари 2010. година ќе поскапува за околу 10 отсто.

inkasator
инкасатор

Струјата во Македонија од 1. јануари 2010. година ќе поскапува за околу 10 отсто.

sijalicaВака одлучи во понеделник Регулаторната комисија за енергетика, според чии пресметки од јануари сметките за струја ќе бидат повисоки за 9,98%.

Со новата цена на електричната енергија, за киловат час од 1. јануари ќе се плаќа 3,78 денари.
Регулаторите во понеделник донесоа одлука и за зголемување на цената на парното греење за 1,49 отсто, односно за 7,85 отсто во Скопје Север.
Според новата цена на парното, ако досега за еден стан од 60 метри квадратни годишно се плаќаше 23.500 денари, сега ќе се плаќа 23.833 денари. Цената за истата квадратура за Скопје Север од годишните 21.700 денари, се покачува на 23.500 денари.
Комисијата донесе одлука цената на парното да се покачи и кај останатите корисници за 20 отсто, односно за 38 отсто во Скопје Север.
Компаниите што побараа покачување на цените на струјата и парното не се задоволни од понудените цени на Регулаторната комисија, бидејќи очекувале покачувањето да биде поголемо.








{loadposition content9}