Општина Струга
Водата во Струга исправна за пиење
Иако од денеска стружани слободно може да ја користата водата, ќе треба да се стрпат уште малку, затоа што поради изведување работи од страна на “ЕВН”, денеска повторно има прекин во водоснабдувањето на целата територија на општина Струга.
Резултатите од направените анализи покажале дека водата во Струга е чиста и исправна за пиење, информираа од JП „Водовод и Kанализација“ – Струга.
Ова доаѓа откако на 15-ти август од Општина Струга и ЈП Водовод и Канализација ја известија јавноста дека поради дефект на водоводна мрежа водата од градскиот водовод не е исправана за пиење.
Иако од денеска граѓаните слободно може да ја користата водата, ќе треба да се стрпат уште малку, затоа што поради изведување работи од страна на “ЕВН”, денеска е прекинато снабдувањето со вода за пиење на целата територија на општина Струга од 09:00 до 15:00 часот.