Стапува во сила забраната за пушење на јавни места
Законот за целосна забрана за пушење на јавни места во Македонија стапува на сила од 1 јануари.
Согласно законот од денеска пушењето е забрането во кафеани, ноќни барови, кафе-барови, диско-клубови.
Цигара нема да смее да се запали ниту на тераси, шанкови и во летни бавчи, односно секаде каде што се служат храна и пиење.
Пушењето не е забрането само во домовите на луѓето, на отворен простор и на јавни површини, но само ако не се одржуваат јавни настани.
Доколку некое лице биде затекнато со цигара во забранета зона ќе му биде одредена парична казна од 300 евра, додека казните за сопствениците на локалите, кои ќе го прекршат овој закон, ќе бидат казнувани со парична казна од 2.500 до 4.000 евра.
Револт поради воведувањето на новиот закон искажаа угостителите, кои укажуваат дека целосната забрана за пушење ќе го уништи нивниот бизнис.
Тие предупредуваат дека со примената на овој закон голем број на локали ќе се затворат, прометот ќе се намали, а ќе има и отпуштања.
{loadposition content9}