Skip to main content

Општина Охрид

Пецаков: На Охрид одамна му требаше настан како „Ohrid Water Festival”

Во забавно едукативната програма вечерва ќе биде поставена изложбата „Флора и фауна од Охридско Езеро”, во организација на Клубот за подводни дејности „Охрид”, додека во организација на НК „Акватек” ќе се одржи изложбата „Потонато културно историско богатство”. За музичкиот дел од вечерва ќе се погрижи диџеј Ванчо Плеј.
 |  инфодеск  | 
охрид фестивал на водени спортови

Програмата на „Ohrid Water Festival” продолжи денеска со спортските настани SUP трка, регата на едрилици и турнир Express sailing. Во забавно едукативната програма денеска ќе биде поставена изложбата „Флора и фауна од Охридско Езеро”, во организација на Клубот за подводни дејности „Охрид”, додека во организација на НК „Акватек” ќе се одржи изложбата „Потонато културно историско богатство”. За музичкиот дел од вечерва ќе се погрижи диџеј Ванчо Плеј.

Забавата на фестивалот започна синоќа со концерт на поп пејачот Ѓоко Танески пред платото на хотелот „Палас”, каде ќе се одвиваат и сите настани од забавно-едукативнaта програма на фестивалот, во периодот од 19 до 23 часот.

За атмосферата на синоќешниот концерт на Ѓоко Танески , градоначалникот Кирил Пецаков кажа дека била потврда за тоа дека на Охрид му бил потребен ваков фестивал.

„Почетокот на социјално едикативниот дел од Ohrid Water Festival ни беше потврда дека на Охрид одамна му требаше ваков фестивал. Многу сум среќен што уште од самиот почеток на фестивалот Охриѓани и гостите имаат позитивни впечатоци. Наша задача е од година во година овој фестивал да го надградуваме и развиваме во убава традиција на Охрид.“ – напиша градоначалникот во објава на Фејсбук.

Инаку, водените лудории, кои се одржаа вчера на Градскиот базен „Атина Бојаџи“, имаа и хуманитарен карактер, со тоа што финансиските средства собрани од котизација на учесниците беа донирани на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Зраци“.