Вечерва во рамки на програмата на Ohrid Water Festival ќе се одржи панел дискусија на тема „Охридското Езеро-валоризација на вредностите како пат кон идните бенефити” во организација на ЈНУ Хидробилошки Завод. Учество ќе земат градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, координаторот на Дримскиот процес, Дејан Пановски, Д-р Орхидеја Тасевска, научен советник и директор во ЈНУ Хидробилошки Завод Охрид и Зоран Мартиновски, претседател на „Prime Blue Institute“. Панел дискусијата ќе започне во 20 часот пред платото на хотелот „Палас“.
Во рамки на музичкиот дел од вечерта ќе настапи диџеј Багзи.
Предходно, од 10 до 14 часот организиран е и Отворен ден во ЈНУ Хидробилошки Завод.