Гикови и хакери на анти-конференција во Охрид
НСНД (Ništa se neće dogoditi) е настан кој се одржува некаде од 2007ма година низ разни градови на Балканот – како неформален собир на хакери, гикови, ентузијасти за технологија, членови на хаклабите од регионот и пошироко.
После подолга пауза, правиме уште еден собир, овојпат во Охрид. Домаќин ќе биде Касарна Хаб, a добредојдени се сите заинтересирани. Настанот е замислен како неконференција (анти-конференција) без претходно одредена програмa. Програмата се дефинира на лице место и најчесто содржи:
– работилници и предавања поврзани со слободниот софтвер / слободната култура
– демонстрација на (софтверски) алатки, библиотеки или сопствени проекти
– дискусија на теми поврзани со технологија или пресек помеѓу технологијата и општество.
НСНД настаните се забавни, неформални, отворени за сите ентузијасти и бесплатни. Регистрација не е потребна.Можеби ништо нема да се случи – важно е да се дружиме, велат организаторите.
Годинешното НСНД дружење, е закажано за недела, 27ми август 2023та, во Касарна Хаб Охрид (https://kasarna.net/). Структура и агенда нема, но вообичаено се почетокот е во 12 часот.Касарна Хаб е овоможена преку EU4M – проект финансиран од ЕУ.