Skip to main content

Секретаријат за европски прашања

Кампањата „Ние сме Европа“ ќе се спроведе и во Охрид на темата туризам

Караванот на кампањата која чини пет милиони денари ќе опфати осум градови со повеќе теми, а целта е да им ги приближи на граѓаните придобивките од членството на земјата во ЕУ.
 |  инфодеск  | 
ние сме Европа

На 30-ти август ќе започне кампањата „Ние сме Европа“ во организација на Секретаријатот за европски прашања, а во соработка со Владата на Република Северна Македонија. Целта е приближување на стратешката цел за членство во ЕУ до граѓаните.

Караванот на кампањата која чини пет милиони денари ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – енергетика.

Активностите ќе вклучуваат посета, средби со целни групи кои се заинтересирани да прашаат нешто конкретно за темата и генерално за процесот на пристапување на ЕУ.