На спортскиот терен од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ синоќа се одржа прослава во чест на матурантите од генерацијата 2022-2023 година.
На овој настан се обрати директорот на училишниот центар, Сашо Недески кој на генерацијата и посака успеси понатаму во животот.
Директорот на училиштето им додели пофалници на следниве матуранти:Петар Цаноски – првенец на генерацијата 2022/2023 година и пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение; Дамјан Цветкоски – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение; Петар Гогов – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение; Петар Каланоски – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение; Никола Гогов – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение; Јана Пауноска – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение.
Свој поздравен говор имаше и првенецот на генерацијата Петaр Цаноски.
Настанот беше збогатен со музички точки кои ги изведоа учениците Јана Протуѓер и Мухамед Асан, кои беа под раководство на професорите Жармена Китрозоска и Славчо Китаноски.
За целиот настан беа ангажирани и учениците Бобан Кочески и Ана Новеска кои ја водеа целата програма.