Oхриѓанката Христијана Парулеска го освои бронзениот медал во спаринг борби – јуниорки (14-15 години) на Светското таеквондо ИТФ првенство во Астана, Казахстан.
Парулеска е актуелна европска кадетска шампионка во традиционално таеквондо, титула со која се закити на Европското првенство во Језоло, Италија. На европското Парулеска освои и сребрен медал во форми (кати) црн појас први дан.
Боите на Македонија во Астана ги бранат Христијана Парулеска црн појас I дан, европски првак во категоријата кадети, Давид Крстески црн појас I дан, Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022 и Елена Јанеска црн појас I дан Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022, инаку сите тројца државни прваци во своите категории.