Skip to main content

Општина Охрид

Од утре времен сообраќаен режим на улица „Анастасија Узунова“

На улицата ќе се изведуваат градежни зафати за реконструкција на водоводна линија.
 |  инфодеск  | 
Не паркирај

Од утре, 30.08.2023 година (среда) започнуваат градежни активности за реконструкција на водоводната линија на улица „Анастасија Узунова“.

Се молат граѓаните што живеат и гравитираат на овој потег од градот да се придржуваат кон времениот сообраќаен режим, додека траат градежните активности.