Охридските училишта подготвени за стартот на учебната година
Охридските училишта подготвени за стартот на учебната година. Привршуваат градежните активности во дел од школите за подобрување на условите во образовниот процес.
Но во континуитет се намалува бројот на ученици во Охрид, па градските советници ќе носат одлука за формирање на паралелки под 20 деца.
„За 01 септември ќе биде се подготвено. 0926Сите оние подготвителни активности кои што треба да се преземат се преземаат и учебната година како што е ќе започне на 01 септември подготвено“, вели професор Перчо Божиноски заменик градоначалник на општина Охрид.
Професорите сметаат дека најголемиот предизвик и оваа учебна година ќе биде недостигот на учебници во училиштата.
„Апелирам што поскоро да се испечатат учебниците и да стигнат во училиштата кај учениците, напоредно и со дигиталните учебници кои што беа заложба на сегашната влада. Без печатени учебници образовниот процес не смее да се замисли“, вели професор Перчо Божиноски заменик градоначалник на Охрид.
Поради иселувањето и намалениот наталитет драстично е намален бројот на првачиња и во Охрид и во Струга. Во охридските училишта годинава се запишани 445 првачиња или 94 помалку од лани, кога во прво одделение тргнале 539 деца. Додека во соседна Струга, се запишани 50 ина помалку од минатата година, односно 496 првачиња , а лани биле 548.
Новинар Соња Рилковска