Диви свињи ги пустошат нивите на брегот на Охридското Езеро
Диви свињи ги пустошат земјоделските посеви на брегот на Охридското Езеро. Земјоделците се жалат потполно уништени им се нивите со пченка, пченица, грав и цели лозја. Повеќе групи диви свињи од НП Галичица секоја вечер уништуваат по 300 квадрати насади на потегот до населбата Свети Стефан.
Штетите на земјоделците се огромни, а сите институции се изземаат од надлежност.
„Сите се ненадлежни, земјоделие ненадлежно, директорот од НП ненадлежен , општина Охрид ненадлежна. И тие еден дел земјоделци што сакаме да работиме не тераат да прекинеме. После овој зијан јас не планирам в година да садам пченка„ – вели Благоја Пазаркоски земјоделец.
„Имам 2000 квадрати пченица изедена комплет, пченка шеќерац околу 2000/ 3000 квадрати изедена. Штетата мене ми е сега околу две три илјади евра оментално сега. Кај мене ќе додје да не садам веќе“, вели Љупчо Јованоски земјоделец.
Дивите свињи, поради забраната за лов во НП Галичица се намножени и во потрага по храна слегуваат во градот. Земјоделците апелираат институциите да преземат итни мерки.
„Не тераат да тужиме и сега ние пет години да одиме по судови а овде ни е моментално запрено враќањето на сопственост и ние сме како корисници а ова што е нивјето се од дедо прадедо пред 200 триста години купени. И кого да тужиме ние утре на суд ќе не паднат“, вели Никола Пазаркоски земјоделец.
„До институциите би апелирал да живнат и сиромаштијата да ја видат и да дадат волја за живот. Среде лозје копат, ријат се е во зијан на сиромаштијата“, вели Димитрија Пазаркоски земјоделец.
Од НП Галичица велат паркот ја согледува ситуацијата на терен и после летната сезона во есенскиот период ќе спроведе засилен санитарен лов.
Новинар Соња Рилковска