Се помал бројот на ученици кои се запишуваат во основно и средно образование
Некогаш најрепрезентативната средношколска установа, Средното Општинско училиште „Св.Климент Охридски“ или популарно познатата Охридска гимназија, новата учебна година ќе ја започне само со 91 ученик во прва година. Или, со само седум нови паралелки со по 13 ученици. На вчерашната седница на советот на Општина Охрид, советничката Живка Ангелоска, посочи дека оваа поајава е пораз за целата заедница. Предложи да се направи една сепофатна анализа и да се изнајдат апарати и мерки за да се спречи овој пораизтелен тренд.
„Овој податок е поразителен не само за Гимназијата, туку за сите нас како охриѓани. Најголем дел од нас сме ученици од Охридската Гимнаизја. Знам како реагираа универзитетските професори кога ќе кажевме од каде доаѓаме. Бевме респектирани, меѓутоа и од нас многу се бараше.„Должност на сите нас е да размислиме и да преземеме мерки, секој во рамки на своите надлежности, за јакнење на реномето, авторитетот, но и продолжување на традицијата на охридската гимназија. Сметам дека треба да се изготви една сеопфатна анализа да се види низ годините кои се фактори придонеле да се дојде до кулминацијација на најмалку запишани ученици во прва година во Гимназијата. Дали само иселувањето и дуалното образование се причините или има и други фактори. Да се мапираат сите фактори и да се преземат мерки, како би можело да се подобри самата ситуација“, – вели Живка Анегелоска – Координатор советничка група СДСМ.
Претседателот на Советот, Сашо Донев, кажа дека во охридската гиманзија во тек се серија инфраструктурни зафати, кои ќе ја направат оваа установа попривлечна за средношколците. Донев, побара да се тргне политиката од образованието и обвини дека неодамнештите критики и фотографии на социјалните мрежи направени од челнови на младината на СДСМ во Охрид, дополнително придонесуваат младите да се посомневаат во изборот, Охридската гимназија да биде установата, каде ќе го продолжат средното обраозвание.
„Ќе треба сите, партијата и политиката да ги тргнеме настрана од средното и основното образование. Кога има некој проект да го поздравиме, а не да го критикуваме за тесно партиски интереси. Бидејќи, читајќи ги коментарите на истата објава на фејсбук, граѓаните добро знаат што е добро, а што е лошо за градот. Како советници да се обидеме да обезбедиме што е можно повеќе средства и да создадеме што е можно подобри услови, за да наместо 90 ученици има повеќе запишани следната година3, – порача Сашо Донев – претседател на Совет на Општина Охрид.
Од сферата на образованието, на седницата на совет, стана збор и за извештаите за работата и материјално финансиското работење на основните и средните образовни установи во градов. МОН, кажа советничката од СДСМ Ангелоска, изготвил правилници како треба да изгледаат извештаите, но и покрај тоа, постојат училишта во градов, каде на пример вон наставните активности, се наведени во Програмата за работа, но не и во Програмата за изведување на училишни екскурзии и обратно. Таа побара од Секторот за образование при Локалната Самоуправа да обрне повеќе внимание на содржината во извештаите.