Skip to main content

ЈП Водовод Охрид

Утре неколкучасовен прекин на водоснабдувањето во централното подрачје и стар град

Причина е приклучување на новата водоводна линија од гимназијата Св.„Климент Охридски“ во градската водоводна мрежа.
 |  инфодеск  | 

Поради приклучување на новата водоводна линија од гимназијата Св.„Климент Охридски“ во градската водоводна мрежа , на ден 31.08.2023 (Четврток), од 08:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од централното подрачје и стариот дел на градот.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде на следните улици:

– „Димитар Влахов“

– „Партизанска“

– „Славеј Планина“

– Дел од Бул.Туристичка (на потегот од гимназијата до бензиската пумпа Макпетрол)

– Дел од „Јане Сандански“ ( на потегот од гимназијата до кејот)

– „Кеј Македонија“

– „Цар Самоил“

– „Самоилова“

– „Коста Абраш“

– „Климентска“

– „Св.Климент Охридски“

– „Аргир Маринчев“

– „11ти Октомври“

– „Боро Шаин“

– „Бранко Шотра“

– “Димче Маленко“

– Дел од „Илинденска“.